Утрински Весник
Македонија

Во еден ден полицијата изрече 255 казни за брзо возење

Во еден ден полицијата изрече 255 казни за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (28 ноември) сообраќајната полиција спровела засилена акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената.

Како што информираат од МВР, при тоа санкционирани биле 255 возачи.

„Од нив, 24 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 85 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 170 надвор од населено место“, се наведува во соопштението од ресорното министерсво во кое се додава дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Можете да прочитате

Филипче: Одложувањето на законите за МВР и полиција е победа на СДСМ

Тошковски: Го одложуваме новиот Закон за внатрешни работи за СДСМ да нема алиби за изборниот дебакл што ги очекува

СДСМ: Филков и Правда веднаш да одговорат: Дали документите за Груевски се испратени?