Утрински Весник
Спорт

Де Јонг не е на продажба

Де Јонг не е на продажба

Тренерот на Барселона, Чави, ги отфрли новинарските шпекулации, дека клубот во летниот преоден рок ќе ги разгледа понудите за Френки Де Јонг. Според медиумите парите од неговиот трансфер Барселона би ги вложила во реконструкција на тимот.

„Де Јонг и Гави воопшто не се на продажба и тие приказни се невистинити. Тоа се шпекулации. Исто така, тука е и Рики Пуиг, кој е дел од тимот и ние сериозно сметаме на него“, изјави Чави пред натпреварот со Виљареал.

Барселона ќе продава по завршувањето на сезоната, на трансфер листата се очекува да бидат Ленгле, Умтити, Кутињо, Нето, Брејтвајт, Коладо, Серхи Роберто.

> Де Јонг не е на продажба <

Можете да прочитате

ПМФЛ: Вардар и Шкендија бодовно израмнети на врвот

ФФМ усвои нов Статут и најави четиригодишна стратегија за развој на македонскиот фудбал

О’Саливен испиша историја во снукерот