Утрински Весник
Спорт

Арсенал за 10 минути го скрши отпорот на Њукасл

Арсенал за 10 минути го скрши отпорот на Њукасл

Арсенал го победи Њукасл 2:0, во првиот натпревар од саботната програма во Премиер лигата. Арсенал се искачија на петтото место на табелата, додека Њукасл се последни без победа и со само шест бода.

Арсенал се мачеа во првото полувреме, но во второто успеаја да го скршат отпорот на Њукасл.

Во првото полувреме се истакнаа голманите, Дубравка имаше две одлични интервенции, ги одбрани ударите на Одегард и Смит-Роу, а Рамсдејл со помош на гредата го одбрани шутот на Шелви.

Првото полувреме го обележа нестварното промашување на Обамејанг. Габонецот од два метри не успеа да постигне гол.

Во второто полувреме, отпорот на Њукасл го скршија Букајо Сака во 56.минута, по одличната акција на Тавареш и Мартинели во 66.минута. Бразилецот ја искористи асистенцијата од Томијасу и постигна гол.



> Арсенал за 10 минути го скрши отпорот на Њукасл <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина