Утрински Весник
Спорт

Феран Торес побарал трансфер во Барселона

Феран Торес побарал трансфер во Барселона

Феран Торес побарал трансфер во Барселона, тврди „Мундо Депортиво“. Играчот на Манчестер сити се рехабилитира од повредата која ја доби на завршниот турнир во Лигата на нации.

Според овој извор, Торес, од менаџерот Пеп Гвардиола, побарал дозвола да се пресели на „Ноу Камп“. Крилниот напаѓач имал голема желба да го облече дресот на Барселона.

Гвардиола ќе го има последниот збор, но речиси е сигурно дека нема да му ја исполни желбата на Торес.

Торес сезонава настапи на седум натпревари, постигнал три гола.

Барселона покажува интерес и за Рахим Стерлинг, но реализицијата на овој трансфер е невозможна. Барса нема пари да го откупи неговиот договор, а доколку постигнат договор за позајмица тогаш пробле ќе биде годишната плата на Стерлинг.

> Феран Торес побарал трансфер во Барселона <

Можете да прочитате

ЗОИ 2026 вечерва свечено ќе бидат отворени, Атанасовска и Јада македонски знаменосци

Кошаркарите на ТФТ со „стотка“ го обезбедија четвртфиналето во АБА 2 лигата

Македонија домаќин на Европското првенство У16 – „Б“ дивизија