Утрински Весник
Македонија

Прифатена оставката на Заев, на 12 декември ќе се бира нов претседател на партијата

Прифатена оставката на Заев, на 12 декември ќе се бира нов претседател на партијата

На 12 декември, недела, ќе се одржат внатрепартиски избори во СДСМ, откако Централниот одбор на партијата вечерва ја констатирал оставката на лидерот Зоран Заев.

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, информираше дека постапката за кандидатура почнува од утре, а ќе трае седум дена. Можност за гласање ќе имаат сите членови на партијата, а по изборот на нов претседател ќе следува избор на ново раководство.

На прашањето дали Заев го промовирал Димитар Ковачевски за свој наследник, Кузеска кратко одговори:

„Станува збор за коментар за квалитети на еден човек, а претседателот ќе се бира на внатрепартиски избори“.

Заев ги информирал Извшниот и Централниот одбор дека парламентарното мнозинство е стабилно и изнесува 61 пратеник, а ЦО сметал дека има простор за вклучување на Алтернатива во владиното мнозинство.

Можете да прочитате

„Беше среќна и насмеана“ – наставничката за последниот училишен ден на малата Катја

Основците по неколку часа на ден гледаат содржини на телефон, до осмо одделение речиси престануваат да читаат книги 

Билјана Ивановска и Миодраг Лабовиќ вечерва гости во „Ноќно студио“ на 4ТВ