Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Њукасл нема да имаат пари за трансфери во јануари?

Њукасл нема да имаат пари за трансфери во јануари?
Img 7972

И покрај тоа што од неодамна се според многумина најбогатиот фудбалски клуб на светот, Њукасл јунајтед можеби нема да имаат доволно средства за најавеното големо трошење во јануари за засилувања за обезбедувањето на опстанокот во Премиерлигата.

Ова доаѓа откако Премиерлигата официјално забрани спонзорства од Саудиска Арабија до средината на декември. Мораториумот на нови комерцијални договори беше воведен директно по преземањето на Њукасл од саудискиот ПИФ јавен фонд за 305 милиони фунти, и првично требаше да заврши во вторник, но сега ПЛ реши да го продолжи датумот барем до 14 декември, додека клубовите не се договорат детално за правилата за спонзорство.

Новата директорка на клубот, Аманда Стевели неодамна изјави дека клубот сака да ги заврши спонзорските договори „што е можно побргу“, а освен Њукасл, само уште Манчестер сити, уште еден клуб кој зависи од странските спонзорски договори, биле против одлуката на Премиерлигата.

Њукасл се последни во Премиерлигата и единствен клуб кој нема остварено победа оваа сезона и се очекуваше во јануари да го направат првиот голем „шопинг“ на фудбалери за тимот на Еди Хоув да може да избори опстанок во лигата.

> Њукасл нема да имаат пари за трансфери во јануари? <

Можете да прочитате

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН