Утрински Весник
Свет

Спасувач пронајден жив во рудникот во Сибир

Спасувач пронајден жив во рудникот во Сибир
Dik 300x250 mk

Спасувачот кој се водеше како исчезнат во операцијата во рудникот за јаглен Листвјажнаја, во руската област Кемерово, е пронајден жив.

„Нашиот спасувач Александар Заковрјашин е пронајден жив. Мислам дека ова е чудо што го направија нашите луѓе“, изјави за „Тасс“ вршителот на должност министер за вонредни ситуации на Русија, Александар Чупријан.

Заменик државниот обвинител Дмитриј Демешин денеска изјави дека рударите претходно се пожалиле на високо ниво на метан во рудникот, но додаде дека е рано да се каже дали тоа довело до експлозија.

Како што истакна, истрагата ќе утврди дали има поврзаност помеѓу нивото на метанот и експлозијата. Тој претходно изјави дека е можно причина за несреќата да е експлозија на метан.

Според последните информации, вкупниот број на жртви во несреќата во рудникот е 57. Три лица, меѓу кои и директорот на рудникот, се уапсени поради наводни безбедносни нарушувања.

Можете да прочитате

Мерц и Ердоган со спротивставени ставови за војната во Газа

Над 130 убиени лица во полициска акција во Бразил

Русија: За да биде потпишан мировен договор, Токио треба да се откаже од антирускиот курс