Утрински Весник
Свет

Потврдена нова варијанта на корона вирусот во Израел

Потврдена нова варијанта на корона вирусот во Израел
Dik 300x250 mk

Нова варијанта на корона вирусот, кој предизвикува загриженост во светот е потврденa во Израел.

Присуството на новата варијанта наречена Б.1.529 во Израел била потврдена од тамошното Министерство за здравство, соопшти Ерусалим пост.

Новата варијанта е откриена кај луѓе кои се вратиле во Израел од африканската држава Малави.

Докторите истражуваат за уште двајца повратници од странство за кои се смета дека се заразени со новата варијанта, која е забележана во Јужноафриканската република, Боцвана и Хонг Конг. Новиот корона вирус има 32 мутации од кои организмот нема да може да се заштити и покрај имунизацијата.

До сега од новата варијанта на вирусот заразени се мал број луѓе, но стручните лица истакнуваат дека бројката може да биде многу поголема. Додаваат дека постои можност оваа варијанта на корона вирусот да не може да биде откриена преку тестовите за Ковид-19.

Сите случаи на новиот корона вирус се поврзани со Африка, вклучувајќи го и оној во Хонг Конг.

Можете да прочитате

Трамп го помилува основачот на најголемата светска криптоберза „Бинанс“

Орбан: Мировниот самит во Будимпешта меѓу Путин и Трамп е сè уште на агендата

Најмалку четири лица загинаа во експлозија во Украина