Утрински Весник
Македонија

Ќе се споредуваат листите на патници во автобусите за да се види кој е тој што недостасува

Ќе се споредуваат листите на патници во автобусите за да се види кој е тој што недостасува

По изјавата на бугарскиот обвинител Сарафов дека недостасува еден патник од запалениот автобус, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција издало усна наредба до СВР Скопје за обезбедување на листи на патници од автобусите на „Беса транс“.

Како што се наведува во соопштението, треба да се обезбедат листите на патници кои со автобусите на „Беса транс“ ја напуштиле Република Северна Македонија на 18 ноември, како и листи на патници кои влегле во државава на 22 месецов.

Како што наведуваат од обвинителствот, наредбата е издадена веднаш по денешната прес-конференција на бугарските органи на истрагата во врска со сообраќајната несреќа што се случи завчера на автопатот „Струма“.

„Истата постапка ја спроведува и бугарското обвинителство кое ги споредува листите од граничните премини за влез на патници од Република Северна Македонија во Република Бугарија на 18.11 и листите за влез од Република Турција во Република Бугарија на 22.11 и излез од Република Бугарија кон нашата земја наредниот ден“, појаснуваат од обвинителството.

Можете да прочитате

Мицкоски: Владата продолжува со инвестиции во образованието, се гради нова училишна зграда во ООУ „Гоце Делчев“

Вечерва Црногорско народно позориште со „Другата страна” на сцената на МНТ

Шокантно откритие: Институт регистриран во кладилница, откри Јаневска