Утрински Весник
Македонија

Повредените од интензивна нега се префрлени на Клиниката за изгореници, денеска едно лице ќе биде оперирано

Повредените од интензивна нега се префрлени на Клиниката за изгореници, денеска едно лице ќе биде оперирано

Повредените од сообраќајката на автопатот Струма, кои се сместени во болницата Пирогов, се во стабилна општа состојба. Нема опасност по нивните животи, информираат од здравствената установа.

Вчера биле оперирани две лица кои исто така се во добра општа состојба, пренесоа бугарските медиуми.

Повредените кои биле на интензивна нега се пренесени на одделението на Клиниката за изгореници и пластична хирургија. Една од жртвите денеска треба да биде оперирана.

Со оглед на шокот од она што се случи и тешките психо-трауми на настраданите, болницата пружила специјализирана психолошка поддршка. Се’ уште нема јасна прогноза кога пацинетите би можеле да се  вратат дома, појаснуваат од болницата.

Можете да прочитате

ДИК ги соопштува освоените мандати за пратеници во новиот парламентарен состав

Кривична против градоначалник за незаконско располагање со буџетски средства за време на избори 

Во Охрид почина деветмесечно бебе