Утрински Весник
Македонија

Агенцијата за храна и ветеринарство ќе се вклучи во проекти на американската амбасада

Агенцијата за храна и ветеринарство ќе се вклучи во проекти на американската амбасада
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), Николче Бабовски, оствари работен состанок со Џерек Бас, нов политичко-економски советник во американската амбасада во земјава.

Како што информираат од АХВ, на состанокот биле презентирани приоритетите и активностите на Агенцијата, а разгледани биле и полињата за унапредување и насочување на идната меѓународна соработка.

„Во насока на унапредување на институционалната соработка како основа за унапредување на економската соработка меѓу двете земји, г- дин Бас ја потенцира можноста за вклучување на АХВ во тековните и новите проекти кои се реализираат од страна на Амбасадата на САД во нашата земја, преку помош во организирање на обуки, работилници, семинари и слично. Како што рече тој, акцент во соработката ќе се стави на темите кои се од делокругот на работење на АХВ, но и на новите технологии, кои се директно поврзани со светскиот предизвик за справување со климатските промени“, се наведува во соопштението за средбата.

Бабовски изразил благодарност за понудената можност и потенцирал дека АХВ располага со стручен и компетентен кадар кој со учество во проектите, покрај тоа што ќе има можност да ги унапреди своите знаења од областа на безбедноста на храната, здравствената заштита и благосостојбата на животните, ќе може адекватно да даде придонес и во реализацијата на проектите.

 

Можете да прочитате

Се бара притвор за странскиот државјанин кој нападна полицаец во Градски парк

Денеска треба да се избере ВД Јавен обвинител

Од утре попладне доаѓаат дождови и снегови