Утрински Весник
Македонија

Казни за 126 возачи, возеле над дозволеното

290 казни за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 126 возачи.

Од нив осум возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Притоа, 53 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 73 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат нaдлежните.

Можете да прочитате

„Преку езерото”: Филмот „Кома” на Агим Абдула не потсетува на скапоценоста на пријателството во нашите кревки животи  

Николоски: Со донацијата од ЕУ, Државниот инспекторат за транспорт добива повеќе безбедност на патиштата и поефикасен надзор

СДСМ: Нарко дилерот Цуната се спаси, го пуштија, бараме оставка од Тошковски