Утрински Весник
Свет

Европска Унија: Обезбедивме повеќе од 5 милијарди дози вакцини за следните две години

Европска Унија: Обезбедивме повеќе од 5 милијарди дози вакцини за следните две години

Европската Унија обезбеди околу пет милијарди дози вакцини против коронавирус за следните две години, изјави европскиот комесар Маргаритис Схинас на пленарната седница на Европскиот парламент во Стразбур.

Схинас истакна дека програмата за вакцинација во ЕУ се развива и покрај огромните притисоци создадени од борбата против пандемијата.

„Нашиот модел на општествено уредување е ставен на тест, но тој сè уште се спротивставува, а програмата за вакцинација целосно се развива, обезбедивме повеќе од пет милијарди дози за следните две години“, рече тој.

„Тоа се вакцини кои се сигурни, научно тестирани и потврдени од независни тела. Сега треба да ги убедиме сите оние граѓани кои не се вакцинирани да го сторат тоа“, рече Схинас.

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел рече дека во време кога бројот на заразени се зголемува, од клучно значење е да се обезбедат ефективни мерки, нагласувајќи дека тоа особено се однесува на адекватното спроведување на кампањата за вакцинација.

„Мора да направиме се што можеме за да се бориме против дезинформациите и неподготвеноста да се вакцинираме“, додаде Мишел.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен рече дека во моментов има огромни разлики во опфатот со вакцинација во Европската Унија.

„Во некои земји-членки, одвај 29 отсто од возрасната популација е вакцинирана, а во други повеќе од 92 отсто“, рече таа.

„Треба да ги информираме луѓето, да им објасниме зошто треба да се вакцинираат. Во Европа имаме доволно вакцини за секого“, заклучи таа.

Можете да прочитате

Патници скокаа од крилата на авион на “Рајанер” поради лажна тревога за пожар

Трамп најави нови царини – стапуваат на сила на 1 август

Голем број земји ги предупредуваат своите граѓани за ризици од патување во САД