Утрински Весник
Магазин

„30“ на Адел најпродаван албум на годината само три дена по издавањето

„30“ на Адел најпродаван албум на годината само три дена по издавањето
Dik 300x250 mk

Откако го чекаа новиот албум повеќе од шест години, фановите на Адел масовно реагираа на нејзиниот четврти студиски албум, „30“, кој веќе е најпродаваниот албум во 2021 година.

„30“ беше објавен на 19 ноември, пет дена по двочасовната специјална емисија Adele One Night што се емитуваше на „Си-би-ес“, со неверојатно голема гледаност од над 10 милиони луѓе.

Новите извештаи од компанијата MRC Data (преку „Билборд“) откриваат дека веќе се продадени повеќе од 500.000 примероци за само три дена, надминувајќи го Evermore на Тејлор Свифт (469.000 примероци) за најпродаван албум на годината.

Можете да прочитате

Четири вида храна кои придонесуваат за собирање на масни наслаги околу стомакот

Google Maps воведува функции што возачите ги чекаа

Најважниот обичај за Митровден: Се верува дека ако вечерва испочитувате едно правило на Свети Димитрија, тој ќе ве чува цела година