Утрински Весник
Македонија

Ќе ја обезбедиме целата документација за техничките прегледи на автобусите, рече Русковска која се сретнала со сопственикот на „Беса-Транс“

Ќе ја обезбедиме целата документација за техничките прегледи на автобусите, рече Русковска која се сретнала со сопственикот на „Беса-Транс“

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески заедно со шефицата на на Одделот за организиран криминал Вилма Русковска се во Бугарија, на местото на несреќата каде во автобуска несреќа настрадаа 45 луѓе, македонски државјани, а седуммина се повредени. Тие на автопатот „Струма“ се сретнаа со директорот на бугарската Национална истражна служба Борислав Сарафов.

Русковска изјави дека на лице место е и превозникот на автобусите, претставникот од „Беса-Транс“ и таа имала кратка средба со него.

„Тука е превозникот, кратко се сретнавме. Ми рече дека 20 години има транспортна фирма, досега немале инцидент, но ние ќе ја обезбедиме целата документација за сите автобуси, кога се регистрирани, кога бил извршен технички преглед и ќе ги испратиме до колегите. Сепак, знаете, тој сега што сака може да каже, но ние обвинителите повеќе веруваме во документи отколку во било што друго“, рече Русковска.

Јовески изрази сочувство до семејствата на настраданите и рече дека верува оти бугарските истражни органи професионално ќе ги разјаснат сите околности во овој настан.

„Ние ќе дадеме помош во делот на обезбедување документација, идентификување на настраданите и се она што е потребно во истражувањето“, изјави Јовески.

Можете да прочитате

Доаѓа Петок 13-ти – мит, суеверие или страв? Зошто овој датум со векови се смета за баксузен

Превентивно повлечени одредени серии „Аптамил“ формули за доенчиња

Владата го утврди Предлог – Законот за Советот на јавните обвинители