Утрински Весник
Македонија

Откажани сите активности на Собранието

Откажани сите активности на Собранието

Одложени се сите активности и средби во Собранието, поради автобуската несреќа што се случи ноќеска на автопатот „Струма” во Бугарија.

Од собраниската прес-служба велат дека само Националниот совет за евроинтеграции ќе ја одржи третата седница, на која единствена точка е Извештајот на Европската комисија за Република Северна Македонија за 2021 година. Оттаму додаваат дека Националниот совет за евроинтеграции ќе заседава бидејќи веќе се дојдени амбасадорите.

Претседателот на Собранието Талат Џафери изрази сочувство лично и од име на пратениците за трагично загинатите лица во автобуската несреќа, со надеж и верба, како што стои во телеграмата, дека никогаш повеќе нема да бидеме сведоци на ваков трагичен чин и нема да дочекаме ваков тажен ден.

Можете да прочитате

Повредено момче, се превртело на коловозот под дејство на алкохол и без возачка дозвола

Татко и син во неколку наврати биле измамени од лажен полициски инспектор

Сиљановска-Давкова: Лицата од аутистичниот спектар нè учат на искреност, трпение и на различни модалитети на изразување и интеракција