Утрински Весник
Македонија

(Видео) Мицкоски: Промените започнуваат и тие се гледаат и во Охрид: Ново булеварско решение

(Видео) Мицкоски: Промените започнуваат и тие се гледаат и во Охрид: Ново булеварско решение

Промените овде во Охрид започнуваат со многу проекти и сериозна динамика во реализацијата на активности оние кои што беа започнати, но и оние кои што сега ќе започнат а беа дел од ветувањата на програмата на Кирил Пецаков, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Тоа што за нас е важно е ветувањата кои што ги дадовме пред охриѓани, но и пред граѓаните во Македонија да ги реализираме и исполниме, да создадеме нова иднина што всушност беше и нашата главна порака на овие избори, да покажеме дека не се сите исти. Затоа што на народот му е преку глава од неуспеси и поделби, народот сака да види резултати и конечно да види реализација и исполнување на ветеното. Тоа нас не прави различни од нашиот политички противник, од оваа влада предводена од СДСМ и ДУИ“, потенцира Мицкоски.

Ќе се обидеме на локално ниво, рече тој да покажеме дека можело поинаку и дека можеме сите заедно да работиме чесно и да ги исполниме очекувањата на граѓаните во рамки на можностите се разбира.

„Нема да критикуваме, нема да се жалиме колку е тешко, тешко е се знае затоа што ако било лесно прво немало да бидеме ние, а второ ако состојбата со општината и со јавните претпријатија кои што се дел од оваа општина била добра, тогаш сигурно немало граѓаните довербата да ја дадат на ВМРО-ДПМНЕ, ќе ја дале довербата на нашите претходници“, истакна тој.

„Така што ако кажеме дека е лошо и дека има направено многу лоши работи и многу криминал нема да ве изненадиме, тоа го знае народот, го знаат охриѓани, ние ќе се фокусираме да ја санираме колку можно состојбата и ќе се фокусираме на испорака на она кое што е ветено пред охриѓани и пред граѓаните на Македонија“, додаде Мицкоски.

Можете да прочитате

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески ја презеде должноста

Жена удрена од електричен тротинет на автобуска постојка

Млад човек починал во стан во Скопје