Утрински Весник
Македонија

Мотоциклист тешко повреден откако излетал од патот

Мотоциклист тешко повреден откако излетал од патот

57-годишно лице од Радовиш било тешко повредено откако со мотоциклот кој го управувал излетал од патот, информира полицијата.

Имено вчера во 04.50 часот било пријавено дека на локалниот пат од с.Горни Липовиќ кон с.Долни Липовиќ, мотоцикл „јингијанк 125 цм“, со радовишки регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Б.(57) од с.Горни Липовиќ излетал од патот.

Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во ЈЗУ Здравствен дом Радовиш.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Радовиш.

Можете да прочитате

СДСМ: Ги поддржуваме барањата на телевизиите – да се истражи влезот на српската медиумска машинерија во Македонија

МНР: Двајца од загинатите во Словенија се малолетни лица

Николоски: Автопатот Скопје – Блаце се гради на исклучително тежок терен