Утрински Весник
Спорт

Покер голови на „Енфилд“ – Ливерпул го декласира Арсенал

Покер голови на „Енфилд“ – Ливерпул го декласира Арсенал

Ливерпул го декласира Арсенал со 4:0, во премиерлигашкиот класик, кој го обележа вербалниот инцидент на менаџерите Јирген Клоп и Микел Артета во првото полувреме.

Арсенал осоколени од серијата добри резултати со оптимизам излегоа на „Енфилд“, но Ливерпул во 90 минути ги покажа сите слабости во нивната игра. Од целосно фијаско Арсенал го спаси голманот Арон Рамсдејл, со неколку добри интервенции.

Имаше и Арсенал свои шанси, најдобрата не ја реализира Обамејанг во второто полувреме.

Ливерпул издоминираа во текот на целиот меч, во еден дел од натпреварот имаа 84 отсто од поседот на топката.

„Црвените“, во првиот дел постигнаа еден гол, преку Мане во 37.минута, но во второто го разбија противникот.

Жота во 52., Салах во 73. и Минамино во 77.минута ги постигнаа головите за Ливерпул.

Ливерпул со натпревар повеќе го мина Манчестер сити на табелата. „Црвените“ се втори со 25 бода, четири помалку од Челси. Арсенал остана на петтото место со 20 бода.



> Покер голови на „Енфилд“ – Ливерпул го декласира Арсенал <

Можете да прочитате

Сенегал ќе се жали на одлуката за доделување на Африканскиот куп на нации на Мароко

ФИФА не размислува да го премести Иран од САД во Мексико

Македонските кошаркарки ја пречекуваат Хрватска во последното коло од квалификациите за ЕП 2027