Утрински Весник
Спорт
Img 7972

Им нема крај на поразите – Нов пораз на Манчестер јунајтед

Им нема крај на поразите – Нов пораз на Манчестер јунајтед
300x250 opst2

Манчестер јунајтед продолжи да го распродава угледот на клубот. „Цвените ѓаволи“ доживеаја тежок пораз во Вотфорд (4:1). По четврти пораз на последните пет натпревар во Премиер лигата, се поставува прашањето дали Оле Гунар Солскјер и утре ќе биде менаџер на тимот.

Ново разочарување им приредија играчите на Манчестер јунајтед, на своите навивачи. Попладнево беа прегазени од Вотфорд и покрај тоа што Давид Де Хеа во првото полувреме одбрани пенал.

Два гола негатива имаа „црвените ѓаволи“ по завршувањето на првото полувреме. Кинг и Сар ги користеа лошите реакции во одбраната на Јунајтед.

Надеж дека ќе избегнат пораз, внесе голот на Ван де бек во 50.минута. Добриот момент по овој гол играчите на Солскјер не го искористија. До поразот се доближија кога Мегваер доби црвен картон во 71.минута.

Во судиското надополнување на времето, Вотфорд го дотолчи протвникот со головите на Жоао Педро и Денис.

> Им нема крај на поразите – Нов пораз на Манчестер јунајтед <

Можете да прочитате

Барди со мајсторски потег ја спаси вечерта – Македонија ремизира со Казахстан!

Барселона ќе ја чека пекол во Битола – влезниците продадени за осум минути

Арената се полни, Македонија ќе го пречека Казахстан пред полн стадион