Утрински Весник
Македонија

Затвореник од Идризово донесен починат на токсикологија

Затвореник од Идризово донесен починат на токсикологија

49-годишен затвореник од Идризово бил донесен починат на одделoт токсикологија, информираа од Министерството за внатрешни работи.

Вчера во 15.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ на Одделот за токсикологија бил донесен починат Ј.Х.(49) од Кичево, затвореник од КПУ Идризово.

Според пријавеното од вработените во КПУ Идризово, на Ј.Х. му се слошило и на пат кон здравствената установа починал.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: За Филипче секоја нова можност за Македонија е повод за ширење паника во јавноста

Левица: Мицкоски им се извинува на САД што македонски новинар се осмелил да праша за безбедноста на Македонија

Утрово гужви на ГП „Богородица“