Утрински Весник
Македонија

Судот во Стразбур постапува по жалбата на Камчев за кршење на човековите права

Судот во Стразбур постапува по жалбата на Камчев за кршење на човековите права

Европскиот Суд за човекови права во Стразбур одговари на барањето на одбраната на Орце Камчев и побара одговори од Владата за нејзиното непостапување, велат од правниот тим на бизнисменот, а во врска со необезбедувањето на соодветен третман за неговата здравствена состојба.

„Најдоцна до 24 ноември, Владата треба да даде информација на Судот во Стразбур за барањето од 29 октомври 2021 за издавање дозвола за влез во КПУ Затвор Скопје на доктор интернист/кардиолог, вешто лице од областа на интерната медицина за да изврши преглед на г-динот Камчев, испратено до Основниот Суд Скопје. Доколку е применливо, Судот во Стразбур ја бара на увид одлуката, доколку не е одлучено по барањето, Судот ја повикува Владата да го извести за причините зошто истата ја нема“, се наведува во соопштението.

Од правниот тим на Камчев, информираат дека медицински белешки потврдени од кардиолози од Македонија како и од кардиолози од Австрија и Словенија укажуваат на тоа дека тој спаѓа во групата на „пациенти со висок ризик од смрт поради кардиоваскуларни проблеми’’ и постои висок ризик со животозагрозувачки последици доколку неговата состојба не е соодветно третирана и следена.

Од таму додаваат дека Европскиот суд за човекови права реагира за настан од 29 октомври годинава, кога одбраната на Камчев се обратила до Кривичниот суд во Скопје со барање за издавање дозвола за влез во КПУ Затвор Скопје на специјалист интернист/ кардиолог со цел да изврши детален преглед на Камчев и да даде соодветно мислење за здравствената состојба како и препорака за натамошно лекување.

Тие се пожалиле до судот во Стразбур, откако на ваквото барање не добиле никаков одговор ниту одлука.

„Судот бара образложение од Владата и за последниот медицински третман на жалителот во врска со неговата срцева состојба. Конкретно, на кој начин и до кој степен националните власти му обезбедиле на Камчев редовен медицински третман од кардиолог и/или медицински прегледи со помош на ехокардиографија и/или коронарографија?

Европскиот суд за човекови права согласно со правилото 39 од Правилата на Судот во случајот на г-дин Камчев, а поради причина на флагрантно и континуирано кршење на неговите основни човекови права, е во постапка за изрекување на времена мерка со која на македонските власти треба да им се наложи под итно да извршат медицински преглед од кардиолог и итно ослободување и сместување во домашен притвор поради неговата влошена здравствена состојба“, се наведува во соопштението.

Можете да прочитате

Ангелов: Ова лето гранката нема да ми биде потребна – добивме 43 специјализирани возила за гаснење пожари

Мицкоски: Mногу поподготвени сме за сезоната на пожари од кога било во минатото

Support Kocani ја исплати фактурата за втората пратка компресивна облека во износ од 283.802 денари!