Утрински Весник
Спорт

Де Брујне позитивен на КОВИД, пропушта три натпревари

Де Брујне позитивен на КОВИД, пропушта три натпревари
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Англиските шампиони Манчестер сити ќе бидат одредено време без еден од своите најдобри играчи, откако Кевин де Брујне вратил позитивен тест на КОВИД-19.

30-годишниот Де Брујне играше за Белгија во квалификациите за Мундијалот, каде што „ѓаволите“ лесно се квалификуваа, но сега мора да паузира барем три натпревари поради изолацијата која мора да ја помине. Пеп Гвардиола има дополнителни главоболки бидејќи не е сигурен за подготвеноста на Џек Грилиш и Фил Фоден за саботниот меч со Евертон.

„Џек беше подобар, но Фил се врати со добра модринка на неговата нога по настапите за репрезентацијата. За жал, Кевин беше позитивен на КОВИД во Белгија, така што ќе мора да биде во изолација 10 дена. Тој е во Англија, и сега е најважно да оздрави, повеќе од било кој натпревар. И со еден позитивен е опасно, бидејќи луѓето уште умираат. Тој е вакциниран и се надевам дека ќе помине со помали симптоми“, изјави Гвардиола.

Де Брујне сигурно не игра против Евертон и во мега-дуелот од ЛШ со Пари Сен-Жермен, а исто така ќе отсуствува на мечот против Вест хем на 28 ноември.

> Де Брујне позитивен на КОВИД, пропушта три натпревари <

Можете да прочитате

Ѓоковиќ: Целта ми е настап на ЛОИ 2028

Џошуа повреден во сообраќајна несреќа со смртни последици

Вардар предложи јужната трибина да го носи името Васил Рингов