Утрински Весник
Свет

„ЕМА“ го испитува новиот лек против Ковид-19

„ЕМА“ го испитува новиот лек против Ковид-19

Европската агенција за лекови проценува дали лекот „Xevudy“, кој спречува потешки форми на Ковид-19, може да биде одобрен во Европската Унија.

„ЕМА ќе ги процени придобивките и ризиците од лекот на краток рок и може да даде мислење во рок од два месеци“, се вели во соопштението од оваа организација.

Лекот развиен од фармацевтските компании „GlaxoSmithKline“ и „Vir Biotechnology“, треба да ги спречи потешките форми на болеста и потребата од хоспитализација кај пациенти со Ковид-19.

Лекот е наменет за третман на возрасни и тинејџери кои се изложени на зголемен ризик од тешки форми на Ковид-19, пред вклучувањето на терапија со кислород.

Третманот се заснова на терапија со моноклонални антитела со користење на тип на протеин кој се врзува за коронавирусот и ја намалува неговата способност да навлезе во клетката на човечкото тело.

Можете да прочитате

Трамп го спореди Зеленски со основач на патувачки циркус

ИЕА договори ослободување на уште 100 милиони барели нафта и деривати од резервите

Австриската влада потроши 5,8 милиони евра за рекламирање во првата половина од годината