Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Болниците во Германија пред колапс, одобрени нови построги ковид-мерки

Болниците во Германија пред колапс, одобрени нови построги ковид-мерки
Img 7972

Германските пратеници денеска одобрија нови мерки за борба против рекордниот број заразени со коронавирус.

Одлуката, како што пренесуваат тамошните медиуми, дојде откако директорот на германската агенција за контрола на болести предупреди дека земјата може да се соочи со навистина страшен Божиќ.

Меѓу новите мерки е и барањето вработените да докажат дека се вакцинирани, дека прележале Ковид-19 или дека имаат негативен тест за коронавирус, за да можат да пристапат на работното место.

Мерките беа усвоени во Бундестагот, долниот дом на германскиот парламент, со гласовите на социјалдемократите, зелените и либералдемократите, јавуваат агенциите, потсетувајќи дека овие три партии во моментов преговараат за формирање нова влада.

Новите мерки треба да ги одобри и Горниот дом на германскиот парламент-Бундесратот.

Германската агенција за контрола на болести „Институтот Роберт Кох“ објави 65.371 нови дневни случаи, со што беше надминат рекордот од претходните 24 часа и продолжи нагорниот тренд за кој експертите предупредуваат со недели.

„Во моментов се движиме кон сериозна вонредна состојба. Ќе имаме навистина ужасен Божиќ ако сега не преземеме контрамерки“, рече директорот на институтот, Лотар Вилер, за време на онлајн дебатата.

Тој рече дека Германија треба да ја зголеми стапката на вакцинација на над 75 отсто, од сегашните 67,7 отсто.

Некои области во Германија имаат стапка на вакцинација која достигнува само 57,6 проценти.

Вилер повика на затворање на клубовите и баровите, прекин на големите настани и да се ограничи пристапот до многу делови од јавниот живот и истиот да им се дозволи само на оние со вакцина или сертификати за прележан Ковид-19.

Тој, исто така, предупреди дека болниците низ Германија пред колапс и дека секојдневно се борат да најдат кревети за пациенти со Ковид 19 и за оние со други болести.

Можете да прочитате

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

Земјотрес со јачина од 5.0 степени ја погоди западна Турција, почуствуван и во Истанбул

Колумбија протера израелски дипломати поради запирањето на флотилата за помош за Газа