Утрински Весник
Македонија

Апелација го укина куќниот притвор за Миле Јанакиески

Апелација го укина куќниот притвор за Миле Јанакиески

Апелацискиот суд во Скопје денеска го укина куќниор притвор за Миле Јанакиески, обвинет во неколку предмети на поранешното Специјално јавно обвинителство, соопшти Кривичниот суд.

„Апелациониот суд Скопје до Основниот кривичен суд Скопје на 18.11.2021 година достави решение … со кое второстепениот суд, постапувајќи по жалбата изјавена од одбраната на М.Ј., обвинет во предметите … „Т.Н.Т.“, „Титаник“, „Талир“, „Топлик“, „Траекторија“ и „Шпански скали“, ја уважи жалбата за укинување на мерката куќен притвор“, се наведува во соопштението.

Според решението на Апелациониот суд, на обвинетиот му се определуваат мерки за претпазливост, односно: забрана за напуштање на територијата на Maкедонија и Град Скопје, обврска обвинетиот да се јавува во судот и забрана за издавање на друга патна исправа.

 

Можете да прочитате

Николоски во Брисел: Напредок на инфраструктурните проекти и најави за нови тендери

Мицковски му кажал на градоначалникот на Струга дека од старт го разочарал: Советниците на ВМРО ДПМНЕ нема да го подржуваат

Трипуновски во „Клик Плус“: Има сомнежи за многу нерегуларности во министерството за земјоделство, поднесени се шест кривични пријави