Утрински Весник
Македонија

Австрискиот министер Линхарт на Османи му изрази силна поддршка на европските интеграции

Австрискиот министер Линхарт на Османи му изрази силна поддршка на европските интеграции

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска му беше домаќин на австрискиот министер за европски и меѓународни работи, Михаeл Линхарт.

Линхарт во рамки на посетата ја реафирмирал силната и конзистентна австриска поддршка на европските интеграции на нашата земја.

„Во Република Северна Македонија и во нашето европско досие лежи клучот за деблокирање на целиот регион бидејќи по редот на нештата оттука треба да отпочне деблокадата, преку почеток на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија. Ова ќе ги охрабри и другите држави од регионот, да ги затворат отворените прашања, а со интенција целиот регион да се движи во европски правец“, истакна Османи по средбата.

Како што информираат од МНР, посетата на министерот Линхарт имала и силна економска компонента со оглед на фактот дека тој бил придружуван и од економска и бизнис делегација.

Австрија преставува еден од најголемите инвеститори во земјава, а географската близина, комплементарноста на двете економии, но пред сѐ одличните политички односи создаваат потенцијал за уште поинтензивна економска соработка.

За време на посетата бил одржан и бизнис настан со цел натамошно унапредување на трговската соработка и искористување на инвестициските можности и презентација на програмата „Re Focus Austria“, која има за цел промоција на австриските компании во повеќе области, особено во областа на обновлива енергија, дигиталната економија и инфраструктура.

Можете да прочитате

Петрушевски: Кога СДС повторно лажно ќе прашаат за истрагата за Кочани, нека погледнат накај главниот обвинител Коцевски

СДСМ: Има ли „Алказар Енерџи”одобрение за градба или не, каков е бизнис интересот на Божиновска и Мицкоски?

Околу еден час се чека на ГП Богородица и Дојран, а 40 минути на Табановце