Наспроти празните зборови на Мицкоски фактите потврдуваат дека скандалот „Криминални парцели“ тежок 1,6 милиони евра, води до „белиот дворец“, посочуваат од СДСМ.
„Факт е дека телохранител на Мицкоски, Влатко Илиевски, е дел од препродавањето земјиште во Делчевско. Неговиот договор тежи неверојатни 500.000 евра. Факт е дека меѓу лицата кои продавале земјиште по 40 пати повисока цена од пазарната е Дарко Т. поранешен советник во општина Делчево од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Факт е дека во аферата се вмешани и поранешниот претседател на УМС, Игор Г, но и татко на пратеник од ВМРО-ДПМНЕ“, се наведува во партиското соопштение.
Според СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се заеднички именител на сите овие имиња.
„Очекуваме истрагата што ја водат надлежните институции да ги даде сите одговори, сите детали за овој огромен, милионски скандал“, велат од партијата.