Утрински Весник
Спорт

Соиграч на Мегваер кој ја заврши кариерата поради повреда доби милион фунти!

Соиграч на Мегваер кој ја заврши кариерата поради повреда доби милион фунти!

Поранешниот фудбалер на Шефилд јунајтед, 28-годишниот Тери Кенеди, сигурно мислел дека животот му дал „лоша рака“ откако неговата ветувачка фудбалска кариера беше прекината поради повреди, но фортуната му се насмеа откако доби на лото неверојатни миион фунти.

Кенеди, кој играше за Шефилд јунајтед и Херогејт таун во кариерата, и беше соиграч на капитенот на Манчестер јунајтед, Хери Мегваер во Шефилд, во 2016 година мораше да ја прекрати кариерата поради повреда на коленото.

Во понеделникот, пак, животот му се смени откако доби лото додека беше на работа, а . снимката од неговата реакција стана вирална на интернет.

Кенеди играше во одбрана покрај Мегваер во младинските тимови на Шефилд јунајтед и му се предвидуваше голема иднина, дебитирајќи за клубот во 2011 година.

> Соиграч на Мегваер кој ја заврши кариерата поради повреда доби милион фунти! <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина