Утрински Весник
Македонија

Николовски на средба со Јурова: Со мерките против корупцијата ја носиме Европа дома

Николовски на средба со Јурова: Со мерките против корупцијата ја носиме Европа дома

Во рамки на работната посета на Брисел, вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата, Љупчо Николовски, денеска одржа состанок со потпретседателката на Европската комисија надлежна за вредности и транспарентност, Вера Јурова.

Како што информираат од владината прес-служба, акцент на состанокот бил ставен на мерките од владиниот План за борба против корупција, кои се однесуваат на зголемување на транспарентноста и отчетноста на институциите, како еден од клучните механизми за борба против корупцијата.

Николовски ги презентирал меркит кои се реализираат, како што се воведувањето на интерни процедури за јавни набавки од страна на институциите, подготовка на годишни антикорупциски програми, исполнување на препораките од ГРЕКО, новиот поприменлив Кодекс за етичко однесување на членовите на Владата и носителите на јавни функции, одлуките за ограничување на службените трошоци на функционерите за угостителски услуги за работни состаноци и за користење на службените возила, како и другите мерки од Планот.

Од страна на потпретседателката Јурова била упатена поддршка за имплементација на мерките, а таа посочила и дека стојат на располагање за користење на искуствата од земјите членки на ЕУ во делот на транспарентноста и владеењето на правото.

„Северна Македонија континуирано вложува огромни напори во европеизацијата на институциите, со Планот за борба против корупција ги имплементираме европските стандарди и вредности, ја носиме Европа дома“, порачал на средбата Николовски.

Можете да прочитате

ОЈО бара снимки за националистичките скандирања во Куманово

Мицкоски утре на поставување камен темелник на спортска сала во Воената академија

Нови пожари низ Македонија, гори кај Ваксинце, Богомила, Милетино и Церово