Утрински Весник
Спорт

Браќа од Хрватска: Ѓоковиќ ни даде сѐ, ќе играме Србија

Браќа од Хрватска: Ѓоковиќ ни даде сѐ, ќе играме Србија

Хрватските близнаци, Иван и Матеј Сабанов (29), донесоа одлука во иднина да ги бранат боите на Србија.

Хрватските тенисери се родени во Суботица. Оваа година го освоија турнирот во Белград, во конкуренција на парови.

Причината поради која решиле да го сменат спортското државјанство е Новак Ѓоковиќ.

„Новак ни даде сѐ. Ни ги обезбеди најдобрите можни услови. Неговата поддршка не можеме да ја опишеме со зборови. Тој е наш идол, личност на која и се восхитуваме. Секој негов совет е добар за нашите кариери, голема е чест со можеме да учиме од еден таков тенисер. Трениравме кај него, ни ги обезбеди најдобрите услови, а тоа е она што навистина ни треба“, изјавил за „Јутарњи“, Матеј Сабанов.

> Браќа од Хрватска: Ѓоковиќ ни даде сѐ, ќе играме Србија <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина