Утрински Весник
Свет

Австрија ги заострува мерките за влез во земјата

Австрија ги заострува мерките за влез во земјата

Австрија од понеделник ги заострува правилата за влез во земјата и преминување од „3Г“ на правило „2.5Г“.

Тоа значи дека за влез во државата треба потврда за вакцинација, потврда за прележан Ковид-19, не постара од 180 дена, а доколку некој ги нема овие два документа, тогаш негативен ПЦР тест.

Досега можеше да се влезе во Австрија со негативен антиген тест, а од понеделник ќе важи само ПЦР тестот.

Според новата Регулатива, која ќе стапи на сила в понеделник, правилото „3Г“ ќе продолжи да важи за прекуграничната работна сила.

Но, и за нив се заоструваат мерките, што значи дека ПЦР тестот повеќе нема да важи седум дена, туку 72 часа, а антигенскиот тест наместо 48 часа ќе важи само уште 24 часа.

Отсега, потврдата за вакцинација наместо една година ќе важи само девет месеци од приемот на последната доза, но за овој дел од регулативата е предвиден преоден рок до 6 декември.

Можете да прочитате

Трамп: САД ќе им помогнат на Полска и балтичките држави во случај на руски напад

Макрон: Ослободувањето на заложниците на Хамас е услов за отворање француска амбасада во Палестина

Трамп, Венс и 100 илјади луѓе ќе присуствуваат на комеморацијата за Чарли Кирк