Утрински Весник
Свет

Одземен пратеничкиот имунитет на Курц

Одземен пратеничкиот имунитет на Курц

Надлежната комисија на австрискиот парламент му го одзеде пратеничкиот имунитет на шефот на пратеничкиот клуб на Народната партија на Австрија (ОВП), поранешниот премиер Себастијан Курц.

Така, единствено формално прашање на собраниската седница во четврток е донесувањето на одлуката за укинување на пратеничкиот имунитет на поранешниот канцелар.

Укинување на имунитетот побара Обвинителството за економски криминал и корупција, кое води истрага против Курц поради проневера и поткуп.

Обвинителството од петок ќе може да ја продолжи истрагата.

По одлуката на собраниската комисија, Курц изрази задоволство, велејќи дека сега може да работи на докажување дека тоа се погрешни обвинувања.

Можете да прочитате

Признавањето на Палестина отвора ново прашање – кој ќе ја раководи

Голем напад со беспилотни летала врз Москва, небото е затворено

Орбан: Ако Украина влезе во ЕУ, и војната ќе дојде со неа