Утрински Весник
Спорт

Главоболки за Клоп пред дуелот со Арсенал

Главоболки за Клоп пред дуелот со Арсенал

Репрезентативната пауза му донесе главоболки на менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп. Тројца во клубот се вратија со повреди, кои ќе ги оддалечат од натпреварот со Арсенал.

Капитенот на Шкотска, Енди Робертсон, се повреди синоќа против Данска. Овој натпревар не им значеше ништо на двете селекции, Данска заврши на првото, а Шкотска на второто место во групата.

Ливерпул се уште не се огласиле по повредата на Робертсон, но се претпоставува дека тој отсуствува најмалку две недели.

Во клубот, настапувајќи за своите репрезентации, со повреди се вратија Сенегалецот, Садио Мане и капитенот Џордан Хендерсон.
Од претходно поради повреди од тимот се отсутни Роберто Фирмино, Наби Кеита, Џо Гомез и Куртис Џонс.

Ливерпул ќе го пречека Арсенал во сабота, во терминот од 18.30 часот.

> Главоболки за Клоп пред дуелот со Арсенал <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина