Утрински Весник
Свет

Раст на бројот на новозаразени во Австрија на првиот ден од заклучувањето за невакцинирани

Раст на бројот на новозаразени во Австрија на првиот ден од заклучувањето за невакцинирани

На првиот ден од карантинот за невакцинираното население во Австрија, бројот на новозаразени и натаму е висок – 11.889, а пријавени се и 40 смрни случаи.

За споредба, во понеделникот пред една недела беа регистрирани 8.178 новозаразени.

Исто така, во последните 24 часа е забележано значително зголемување на бројот на заболени од ковид по австриските болници – за 120 пациенти повеќе од вчера.

Со тоа бројот на ковид-пациенти достигна 2.447, а на интензивна нега во моментот се 441 пациент, осуммина повеќе од вчера.

Можете да прочитате

Стапи во сила забраната на САД за увоз од Канада во вредност од една милијарда долари

Иран се закани со напади врз енергетската инфраструктура по говор на Трамп

Началник на Генералштабот на иранската армија: Хормуз е под наша „целосна контрола“