Утрински Весник
Економија

Вториот блок на РЕК Битола од синоќа повторно вклучен во систем

Вториот блок на РЕК Битола од синоќа повторно вклучен во  систем

Блок 2 на РЕК Битола синоќа во 2:45 часот е синхронизиран со електроенергетскиот систем на Република Северна Македонија. Производството на електрична енергија од комбинатот продолжува непречено и од Блок 1, информираат преку соопштение од АД Електрани на Северна Македонија.

„На депонијата за јаглен во РЕК Битола во моментов има доволно јаглен за континуирано производство на електрична енергија за потребите на домаќинствата, а количините се надополнуваат и се зголемуваат во континуитет“, се истакнува во писмениот допис.

Од таму додаваат дека стручнен тим составен од вработени во РЕК Битола и во енергетските компании во земјава продолжува со напорите за оспособување на трансформаторот на Блок 3 кој беше оштетен во пожарот од пред десет дена.

Можете да прочитате

Николоски: Засилено работиме на завршување на автопатот Охрид – Кичево 

Премиерот Мицкоски со владина делегација во Давос, фокус на економскиот раст, енергетиката и стратешките инвестиции

Почнува Светскиот економски форум во Давос