Утрински Весник
Свет

(Видео) Силно невреме со грмотевици го зафати Хвар – поплавени улици и плоштади

(Видео) Силно невреме со грмотевици го зафати Хвар –  поплавени улици и плоштади

Хвар денеска го зафати невреме. Силен дожд за кратко време ги поплави улиците и плоштадите на Хвар, предизвика одрони и поплави некои згради.

За само еден час во градот Хвар наврнале 90 литри дожд на метар квадратен, а во последните 24 часа над 120 литри, што е повеќе од просечната количина на врнежи што паѓа во ноември, објави порталот Индекс.

„ Имаме многу проблеми со дождовницата. Гаражите ни пловат, се е полно со вода“, изјави за „Далмација Данас“ командантот на доброволната противпожарна бригада Хвар, Никола Шкаре.

„ Ние непрекинато пумпаме, а дождот не престанува. Проблемот е што телефоните се расипани, за тоа ја известивме и полицијата“, додаде тој.

Во Хвар проблем се и силните громови кои предизвикаа голема штета на електрониката, изгореа бројни електрични уреди, а дел од просторот остана без телефонска линија.

Околу 14.15 часот пожарникарите добиле дојава дека удар на гром предизвикал пожар на покрив од семејна куќа.

Како што изјави за „Далмација денес“ командантот на пожарникарите на Хвар, интервенцијата е во тек, а според првите информации нема повредени.

Можете да прочитате

Русија и Украина разменија нова група воени заробеници

Песков: Не е планирана заедничка декларација по средбата Путин-Трамп

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз