Утрински Весник
Македонија

Наутро магла, попладне облачно со локален дожд

Наутро магла, попладне облачно со локален дожд

Утрово по котлините ќе има услови за појава на магла. Преку денот ќе биде умерено до значително облачно со поголема облачност во западните делови каде што ќе има и услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната од 11 до 17 степени.

Во Скопје, наутро со појава на магла, а потоа променливо облачно со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 12 степени.

Ќе има зголемена облачност во западните делови со појава на локален дожд.

Во следните денови наутро ќе има услови за појава на магла, утринските температури ќе бидат околу нула или некој степен повеќе. Преку денот на почетокот на неделата ќе биде пооблачно, а потоа ќе има повеќе сончеви периоди. Ќе преовладува претежно слаб јужен ветер.

Можете да прочитате

Родителите на загинатите во „Пулс“ на 45. Марш на ангелите: Не бараме пресуда однапред, бараме вистина и правда

Нон-пејперот на Мерц и Макрон: Нова шанса или уште едно европско ветување за Македонија? 

Попладнево пукање во Скопје: Маж ранет, напаѓачот уапсен