Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Вакво насилие врз народни избраници не е видено во современа Европа

ВМРО-ДПМНЕ: Вакво насилие врз народни избраници не е видено во современа Европа

СДСМ и ДУИ денес киднапираа пратеник за да можат да останат и да крадат, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ, откако пратеникот Кастриот Реџепи од Беса не се појави во Собранието и на тој начин не го обезбеди потребното мнозинство за да се гласа недоверба на Владата.

„Денес сме сведоци на насилие врз народни избраници какво не е видено во современа Европа. СДСМ држи во заложништво човек за да продолжат тендерите во РЕК, скапите набавки на струја, провизиите за вакцини“, обвинуваат од партијата и порачуваат дека СДСМ денеска ја убиле демократијата.

„Со СДСМ државата е заглавена со мафијашките кланови. Промените доаѓаат колку тоа и на мафијашите да не им одговара и тие ќе се случат. А тогаш ќе има одговорност“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт