Утрински Весник
Македонија

Финансиска полиција влегла утрово во домот на пратеникот Јаулески од ВМРО-ДПМНЕ

Финансиска полиција влегла утрово во домот на пратеникот Јаулески од ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески, утрово преку социјалните мрежи соопшти дека во неговиот дом влегла финансова полиција и прави претрес.

„Не ви се плашиме, денес хибридниот режим ќе заврши!
Од 5:30 до овој момент во мојот дом упадна и врши претрес Финансова полиција!“, напишал на Фејсбук пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата на Мицкоски преку соопштение реагираа и велат дека тоа што во домот на пратеникот Јован Јаулески утрово, упаднала финанасова полиција и МВР на Спасовски на денот на гласање за доверба на влада, значи само дека режимот на Зоран Заев е очаен, во распаѓање и не одбира средства за притисоци и уцени врз пратениците.

„Таквите методи својствени за Чаушеско ќе бидат жестоко поразени“, стои во писмената реакција од ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку денеска во Собранието со почеток во 11 часот е закажана седница на која треба да се гласа за доверба на Владата.

Можете да прочитате

Љутков: По инцидентот во Кочани, вонредна инспекција покажа дека дел од културните објекти се небезбедни за јавноста

Република Северна Македонија избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации – ЕКОСОК

Мицкоски оди за Црна Гора на самитот ЕУ – Западен Балкан