Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Меркел барала од Путин да интервенира поради кризата на полско-белоруската граница

Меркел барала од Путин да интервенира поради кризата на полско-белоруската граница
Img 7972

Германската канцеларка Ангела Меркел побара од рускиот претседател Владимир Путин да интервенира за кризата на полско-белоруската граница, соопшти германската влада.

Во телефонскиот разговор со Путин, Меркел го подвлече фактот дека инструментализацијата на мигрантите против Европската Унија од белорускиот режим е нехумано и целосно неприфатливо, се вели во соопштението.

Таа побарала од Путин да го искористи своето влијание врз властите во Белорусија.

Русија и Белорусија се блиски соработници, а Германија е претпочитана дестинација за мигрантите кои остануваат заглавени на надворешните граници на Европската Унија, пренесуваат медиумите во светот.

Од Кремљ, пак, соопштија дека Путин предложил да се воспостави комуникација за проблемите што се појавиле во директните контакти на претставниците на земјите-членки на ЕУ со Минск.

Во извештаите се наведува и дека Путин и Меркел се договориле да останат во контакт за ова прашање.

Според анализите на медиумите, вчера, група од околу 800 мигранти, претежно од Ирак и Блискиот Исток, главно помлади мажи и жени со деца, пристигнаа во близина на граничниот премин кај Кузница, Полска, и се обидоа да ја пробијат бодликавата жица за да влезат во Полска, но беа запрени од кордон полицајци и солзавец.

Можете да прочитате

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

Уапсен руски милијардер поради серија убиства

Тунижанец осуден на смрт поради статус на Фејсбук