Утрински Весник
Магазин

Бритни Спирс откри дека Донатела Версаче ѝ ја дизајнира венчаницата

Бритни Спирс откри дека Донатела Версаче ѝ ја дизајнира венчаницата

Бритни Спирс направи бура на својот Инстаграм-профил овој вторник, облечена во розов фустан со повеќеслојни здолништа.

Сепак, 39-годишната поп ѕвезда ги увери фановите дека тоа не е нејзината венчаница.

„Не… ова не е мојата венчаница!“ ја наслови објавата, каде откри сочен детал за нејзината претстојна свадбена тоалета: „Донатела Версаче ми го прави фустанот додека зборуваме…. Добра ноќ, луѓе !!!!“

Бритни е свршена за фитес тренерот Сем Асгари, со кого е во врска пет години. Тој ја запроси во септември.

Не е изненадување што Донатела ја креира свадбената тоалета на Бритни, бидејќи славната дизајнерка долго време е поддржувач на пејачката и движењето Free Britney („Ослободете ја Бритни“), кое го започнаа група фанови кои сакаат таа да ја врати контролата над својот живот.

Веста за венчаницата на Бритни доаѓа нешто повеќе од еден месец откако татко ѝ Џејми беше отстранет од конзерваторкиот надзор над нејзиниот имот.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста