Утрински Весник
Магазин

Покрената тужба против Тревис Скот по трагедијата на концертот во Хјустон

Покрената тужба против Тревис Скот по трагедијата на концертот во Хјустон

Американскиот рапер Тревис Скот се соочува со повеќе тужби откако најмалку осум лица загинаа, а стотици беа повредени во стампедо од фанови на неговиот концерт „Астроворлд“ во Хјустон, Тексас.

Тужбите вклучуваат наводи дека Скот и ненајавениот изведувач Дрејк ја поттикнале публиката и дека концертниот продуцент „Лајф нејшн“ не обезбедил соодветни безбедносни мерки.

Двајцата рапери и продукциската куќа не одговорија директно на ваквите наводи.

Скот рече дека ќе обезбеди помош за семејствата на жртвите.

Можете да прочитате

Мали работи што ја одржуваат љубовта

Колку треба да спиеме по 60-тата година за да не чувствуваме замор

Ова се најинтересните хороскопски знаци