Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев макар на „Фејсбук“ нека одговори кога ќе си поднесе оставка

ВМРО-ДПМНЕ: Заев макар на „Фејсбук“ нека одговори кога ќе си поднесе оставка

Со оглед на фактот што цели осум дена Зоран Заев го нема никаде во јавноста, а инаку најави оставка и го снема, отвораме дилема дали вистински седи и позади неговиот последен фејсбук-статус, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на обраќањето на Заев преку социјалните мрежи.

„Доколку е навистина тој, тогаш добро е да одговори макар и на ‘Фејсбук’, кога ќе си го исполни последното ветување за оставка од премиер и претседател на СДСМ? Кога зборува Заев за кауза, за ЕУ, Бугарија и Охридскипт договор, треба да се знае дека мисли единствено за заштита на криминалот, тендерите, кражбите во РЕК“, се наведува во реакцијата во која се додава дека Заев е загрижен за фотелјата, но не и за иднината на државата.

Можете да прочитате

Излезноста во Брвеница до 13 часот повисока за 7,31 процент од првиот круг

Со запалива течност опожарил паркирано возило во Скопје, полицијата го бара

Мајка ја тепала 12-годишната ќерка, доби кривична пријава