Утрински Весник
Македонија

Николоски: Очекувам најдоцна во четврток да се гласа за недоверба, можна е поддршка од над 61 пратеник

Николоски: Очекувам најдоцна во четврток да се гласа за недоверба, можна е поддршка од над 61 пратеник

Во овој момент во Собранието се поднесува инцијатива за доверба на Владата, рече на денешната прес-конференција потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

„Владата предводена од СДСМ и ДУИ не донесе значајни резултати во претгодните пет години, туку напротив, владее со измами и пазарења, а на сметка на најважните прашања за народот“, се вели во дел од образложението на интерпелацијата, која, како што кажа Николоски, е поддржана од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и колицијата, пратениците на ААА, Беса и Левица, односно вкупно 61 потпис.

Очекуваме претседателот на Собранието во најкус можен рок, да свика седница на која ќе се гласа за доверба на владата, посочи тој.

Николоски очекува гласањето да се одржи најдоцна во четврток, а информираше дека се надеваат и на поддршка од повеќе од 61 пратеник, бидејќи како што кажа, во тек се интензивни преговори и со неколку пратеници во парламентот.

Во однос на потписот на пратеникот Скендер Реџепи рече дека неговата изјава е јасна и не треба да се вади од контекст, односо дека тој ќе поддржи недоверба на владата.

Во однос на составување на нова Влада, претставникот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека тоа ќе се разговара по четрток, по што ќе се знае дали има можност за нова Влада или за брзи предвремени избори,

 

Можете да прочитате

Расчистени одроните од карпи и паднатото дрво на автопатот Скопје-Велес

Трибините – огледало на политиката

ВМРО-ДПМНЕ за Таравари: Кога ДУИ те фали, знаеш дека нешто крупно е згрешено