Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Рекорден број случаи на детска порнографија во Германија

Рекорден број случаи на детска порнографија во Германија
Img 7972

Бројот на пријавени случаи на детска порнографија во првата половина од оваа година во Германија речиси двојно се зголемил, објави германската канцеларија за борба против криминалот, пишуваат германските медиуми.

„Во првите шест месеци од 2021 година, забележавме речиси ист број пријавени случаи на детска порнографија како и во целата измината година“, изјави претседателот на канцеларијата Холгер Муенх во интервју за дневниот весник „Билд“.

Според него, расте и бројот на пријави и започнати постапки поврзани со случаи на прикажување и дистрибуција на материјал со детска порнографија.

„Забележливото зголемување на овие случаи ја доведува полицијата до границите на нивните можности, и технички и во однос на персоналот“, рече тој.

Претседателот на „БКА“ рече дека дошло и до нагло зголемување на компјутерскиот криминал, тренд кој започнал во 2020 година.

Можете да прочитате

Иран: Поддршката за договорот за Газа не значи одобрување на политиката на САД

Бајден прима хормонска и зрачна терапија поради агресивниот рак на простата

Орбан најави петиција против „воените планови на Брисел“ за Украина