Утрински Весник
Македонија

Османи: Успешен старт на проектот за мобилно издавање патни исправи за дијаспората во Словенија

Османи: Успешен старт на проектот за мобилно издавање патни исправи за дијаспората во Словенија

Почнаа со работа базните и мобилните станици за изработка и достава на патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија, кои што живеат и работат во странство. Со новата опрема во нашите дипломатски и конзуларни претставништва, постапката за подигнување на патни исправи е олеснета и скратена, за што сведочат и нашите државјани во Словенија, објави денеска на Фејсбук министерот за надворешни работи Бујар Османи.

За ефикасноста и олеснетата процедура за стекнување со патни исправи, што е овозможена со воспоставувањето на базните станици со изјава и амбасадорката, Сузана Зеленковска.

“Живееме во време на големи предизвици- здравствени, економски и социјални. Во таа насока нашата држава се погрижи со услугата за издавање на патните исправи во амбасадата, постапката да се олесни и скрати, и да трае од две до три недели. На тој начин се зголемува како нашата ефикасност во работењето, така и задоволството на нашите граѓани од навременото добивање на патните исправи“, изјави Зеленковска.

Во август оваа година, министерот за надворешни работи, Бујар Османи ги промовираше деветте базни станици и четирите мобилни станици кои се поставени во земјите каде што повеќе е концентрирана нашата дијаспора. Подобрувањето на услугите за дијаспората е еден од клучните приоритети на Министерството за надворешни работи, за чија реализација се вложуваат максимални напори, известија од министерството.

Можете да прочитате

ДУИ: Алармантно – Албанците систематски се исклучуваат од институциите

До седум часот утрово активни седум пожари, еден локализиран и еден под контрола

„Кој луд купува стан во Скопје?! Без вода, без воздух, со бетониран пекол на секој агол!“