Утрински Весник
Македонија

(Видео) Прекинат пресот на Мицкоски, му се слоши на градоначалникот на Кочани

(Видео) Прекинат пресот на Мицкоски, му се слоши на градоначалникот на Кочани
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Денешната прес-конференција на Христијан Мицкоски пред Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ беше прекината,откакому се слоши на градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов, кој заедно со другите градоначалници стоеше зад партискиот претседател.

Мицкоски на својот Фејсбук профил соопшти дека се’ е во ред со Папазов.

„На денешната прес конференција за миг му се слоши на Љупчо Папазов, градоначалникот на Кочани. Се е во ред. Интензивен период беше, и тоа си го зема данокот… Поминавме многу, ќе поминеме уште повеќе. Сложно и братски. А тој ќе мора да вети покрај другите работи на кои сите се обврзавме денес, дека нема да го прескокнува појадокот ? Продолжуваме за новата иднина во која сите веруваме!“, напиша Мицкоски.

Можете да прочитате

СДСМ го исклучува Јован Деспотовски од членство во партијата

Можна е средба Мицкоски-Ахмети по Нова Година

СДСМ обвинува за координиран напад од ВМРО-ДПМНЕ