Утрински Весник
Македонија

Денеска сончево време со температура до 25 степени, од вторник дожд

Денеска сончево време со температура до 25 степени, од вторник дожд

Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и значителна ниска облачност.

Вренето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 12, а максималната ќе достигне од 19 до 25 степени, информираат од УХМР.

Во Скопје, претпладне со појава на магла и значителна ниска облачност, од пладне сончево со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне 20 степени.

Во следните денови во претпладневните часови по котлините ќе има појава на магла или значителна ниска облачност. Во понеделник ќе се задржи стабилно и релативно топло време, а во вторник се очекува локална појава на слаб дожд и опаѓање на температурите.

Можете да прочитате

Забранета водата за пиење во четири струмички села – откриени бактерии и фекално загадување

Петковска: Во 2025 година 66 отсто од пресудите не биле јавно објавени

Петковска: Поврзувањето на првиот човек на ОЈО ГОКК со партија ја поткопува довербата