Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Наполи го претстави новиот дрес со ликот на Марадона

Наполи го претстави новиот дрес со ликот на Марадона
300x250 opst2

Во чест на Диего Армандо Марадона, Наполи, претпладнево претстави нова гарнитура на дресови. Дресовите со кои Наполи ќе ја напаѓа титулата во Серија А изгледаат спектакуларно.

Лидерот во Серија А, во соработка со спонзорот Армани, осмисли дрес со ликот на Ел Пибе, за многумина најдобриот фудбалер во историјата на Наполи. Марадона за Наполи играше од 1984 до 1991 година. Ел Пибе го предводеше Наполи до две шампионски титули во Серија А.

„Наполи сака да му одаде почит на Диего Армандо Марадона, кој беше симбол на својата ера. Марадона беше неприкосновена фудбалска икона. Поради тоа решивме да му посветиме дрес на овој голем човек“, соопшти Наполи.

Наполи, утре ќе ја пречека Верона во Серија А. По 11 кола во Серија А, Наполи и Милан ја предводат табелата со по 31 бод.

> Наполи го претстави новиот дрес со ликот на Марадона <

Можете да прочитате

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН